За Нас

Knizara Ekos

За Нас

ЕКОС Дооел Тетово е основан во 1990 година. Од самиот почеток па се до ден денес нашата цел е да ги следиме потребите на нашите купувачи и да им одговориме на нивните барања и потреби. Компанијата има стабилен и динамичен раст и стана афирмиран бренд на македонскиот простор токму заради следењето на барањата на пазарот, решавање на дилемите на клиентите околу соодветен избор на материјали, остварување деловна соработка со реномирани глобални брендови од оваа област со цел во секое време да има најквалитетна понуда на канцелариска опрема на нашиот пазар.

Нашата основна мисија – високиот квалитет и високата професионалсност не водат до нашата крајната цел – задоволни клиенти.

Нашата понуда вклучува секаков вид на канцелариски материјали, школски материјали, тонери, компјутерска галантерија, промо материјали, хигиена и тоа од најпознатите светски брендови.

Екос е ексклузивен застапник на: TipTop Office, Spirit, Retech, Havit, Memoris, Foska, DCP, Farri, Keyroad.

Екос редовно учествува на различни саеми насекаде низ светот за да биде во чекор со сите светски трендови, а со тоа има можност секогаш да донесе нешто ново и различно на пазарот во Македонија.